Македонија

Градот Скопјe ќе субвенцинира за инвертери, велосипеди и чистење на оџаци

До 20.000 субвенции на инвертери, 5.000 денари за велосипеди, по 1.500 денари за чистење оџаци

 

Програмата за заштита на животната средина предвидува субвенции од 20.000 денари за промена на начинот на греење, за купување на инвертер клима уреди. Буџетот за 2026 година за оваа мерка има предвидено четири милиони денари, што значи дека ќе има субвенции за 200 семејства.

За купување велосипеди е утврден максимален износ од 5.000 денари по лице. Буџетот за оваа мерка има предвидено два милиони денари, што значи дека ќе има средства за 400 граѓани.

Градот Скопјe ќе субвенционира чистење на оџаци на семејства и други субјекти со по 1.500 денари. За оваа мерка се обезбедени 200.000 денари.

Буџетот за животна средина на Градот Скопјe за 2026 година е 45 милиони денари, а меѓу другото, има средства и за други мерки.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top