Македонија

Граѓаните на Куманово ќе протестираат поради ретроактивно оданочување на приходи од странство

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе бараат повлекување или ревидирање на решенијата, како и јасно и недвосмислено толкување на даночните обврски, за да се избегнат, како што велат, неправди и финансиски удари врз илјадници семејства.

В петок напладне, во Куманово е најавен протест пред зградата на Управата за јавни приходи, како реакција на, како што велат организаторите, ретроактивното оданочување на приходи од странство за период од 2020 година наваму. Протестот следува по бранот решенија што изминатите недели им пристигнаа на голем број граѓани од Куманово, но и од други градови низ Македонија, со кои се бара плаќање високи износи на персонален данок на доход за приходи остварени во странство во последните пет години.

Посебно погодени се илјадници кумановци кои со години работеле во американски бази во Ирак и Авганистан, а чии примања, иако заработени надвор од државата, биле уплаќани на сметки во Македонија.

Од УЈП соопштија дека има над 9.000 граѓани кои, според нивните податоци, должат средства по овој основ. Од Управата наведуваат дека предмет на оданочување се само приходите што граѓаните ги оствариле додека престојувале во земјава, иако средствата потекнувале од странство.

Во меѓувреме, голем број граѓани се обидуваат ретроактивно да обезбедат документација со која ќе докажат дека во периодите за кои им се пресметува данок не престојувале во Македонија, туку биле во странство и дека таму веќе платиле данок согласно законите на државите во кои работеле.

Организаторите на протестот најавуваат дека ќе бараат повлекување или ревидирање на решенијата, како и јасно и недвосмислено толкување на даночните обврски, за да се избегнат, како што велат, неправди и финансиски удари врз илјадници семејства.

Најнови вести од: Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

To top