Македонија

Гувернерот го искара Филипче дека манипулира и не знае основни економски параметри

Дали лидерот на СДСМ манипулира или само не знае

Гувернерот на народната банка на Македонија Трајко Славески го искара лидерот на СДСМ Венко Филипче дека не знаел основни економски параметри.

Славески го обвини лидерот на СДСМ дека манипулира со прикажување на примањата во Албанија и Македонија и побара некој на Филипче да му ја објасни разликата меѓу бруто и нето сумите

,,БРУТО-НЕТО: Ќе му ја објасни ли некој разликата на лидерот на СДСМ?
Господинот Венко Филипче манипулира со износот на минималната плата во Албанија, која од 2026 година, според најавите, треба да се зголеми од сегашните 40 на 50 илјади леки во БРУТО износ, односно од 408 на 520 евра. Кај нас минималната плата во моментов во БРУТО износ е 586 евра! Овие податоци се достапни и на Евростат.

Споредбата на изност на нашите плати во НЕТО износ со БРУТО износите (плус персонален данок и придонеси за социјално осигурување) во други земји е многу честа манипулација”, пишува Гувернерот Славески.

Најнови вести од: Македонија

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

Мицкоски: Македонија ги брани државните интереси достоинствено и со аргументи

Средбата беше можност за отворен и суштински разговор за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, за продлабочување на политичкиот и економскиот дијалог, како и за прашањата од заеднички интерес за двете држави, оцени премиерот

To top