Македонија

Хоџа: Највиновен за слабите резултати на НАИ на изборите е Ахмети, им веруваше на погрешни луѓе

Посочувањето од Аријанит Хоџа дека лидерот на ДУИ Али Ахмети сноси најголема вина поради слабите резултати на нивната коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) на локалните избори означува дека и внатре во оваа коалиција на ниво на партии започнува „расчистувањето на сметките“ за изборниот дебакл: Европската демократска партија, чиј лидер е Аријанит Хоџа, која е дел од НАИ, веќе го вперува прстот кон Али Ахмети…

Аријанит Хоџа, претседателот на Европската демократска партија, која е дел од опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција на ДУИ, коментирајќи ги слабите резултати на оваа коалиција изјави дека вината за тоа ја сноси и лидерот на ДУИ Али Ахмети, бидејќи, како што кажа, „им веруваше на погрешни луѓе“. Оваа изјава Хоџа ја даде во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ 21.

Пренесувајќи ги неговите искажувања во овој контекст, телевизијата наведува: „Му го кажав сево ова на Ахмети.“ – посочи Аријанит Хоџа.

Запрашан дали и Ахмети е виновен, поради тоа што се согласил да ги подели општините на овој начин, Хоџа одговори: „Апсолутно. Вина сноси и Ахмети. Најголемиот товар на вината паѓа врз него за ова што се случи од аспект на општините. Најголемиот товар на вината na Али Ахмети е и поради тоа им веруваше на погрешни луѓе.“ – објави ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top