Македонија

Хуманитарен пикник за вработените во „Алкалоид“ – Собрани 1,8 милиони денари за лицата во третата доба

Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, а токму затоа преку оваа поддршка сакаме да им помогнеме на постарите лица да се издигнат над предизвиците и да имаат поисполнет и поквалитетен живот – истакна Живко Мукаетов

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, илустриран на специјално дизајнираните маички за овој повод, преку кои вработените на „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивните пријатели собраа околу 1,8 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на Црвен крст на Град Скопје, а ќе се наменат за поддршка на социјалните сервиси за стари лица.

– Постарите лица, чија мудрост и животно искуство заслужуваат почит, внимание и поддршка, се вреден дел од општеството. Со нашата помош на активностите и иницијативите на Црвен крст на Град Скопје насочени кон социјалните сервиси за лицата во третата доба, веруваме дека заедно можеме да создадеме услови староста да биде период исполнет со достоинство, сигурност и човечка топлина. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, а токму затоа преку оваа поддршка сакаме да им помогнеме на постарите лица да се издигнат над предизвиците и да имаат поисполнет и поквалитетен живот – истакна Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ и Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Секретарот на Црвен крст на Град Скопје (ЦКГС) Сузана Тунева-Пауновска истакна:

– Една од мисиите на ЦКГС е да им помогне на лицата во третата доба да имаат достоинствена и безбедна  старост. Нивните предизвици се големи – осаменост, намалена мобилност или финансиски тешкотии – но затоа сме тука ние. Преку домашните посети, уредот Итно копче, санитетскиот транспорт и преку дневните центри за активно стареење им овозможуваме поддршка, сигурност и соодветна грижа. Но, оваа наша мисија не би можела да се реализира без силни и посветени партнери. Со ’Алкалоид’ знаеме дека не сме сами – нивната поддршка ни овозможува да продолжиме со поголема храброст и енергија и да реализираме повеќе активности, акции и иницијативи. Заедно можеме повеќе!

Во насока на вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и грижа за заедницата, компанијата има воспоставено долгогодишно хуманитарно партнерство со Црвен крст, поддржувајќи ја оваа хуманитарна организација како во делот на социјално-хуманитарната дејност и справувањето со кризи и катастрофи така и на полето на крводарителството.

Првиот хуманитарен пикник на „Алкалоид“ под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е одржан на 3 септември 2011 година.

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

To top