Македонија

И денеска сончево и жешко, ќе залади дури за викендот

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира сончево и многу топло време денеска со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 41 степен. И во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи […]

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира сончево и многу топло време денеска со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 41 степен.

И во Скопје се очекува сончево и многу топло време со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени наутро до 41 во текот на денот.

Сончево и многу топло време ќе има и утре, а во попладневните и во вечерните часови на некои места ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, кои локално ќе бидат во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Пад на температурите за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top