Спорт

Елмас асистент во победата на Наполи вредна пласман во ЛШ

По нафрлувањето од корнер на „македонскиот дијамант“ во 27. минута погоди Рахмани, а гостите во Пиза на крајот славеа со 3:0

Елиф Елмас придонесе со асистенција за победата на Наполи од 3:0 во Пиза во италијанската Серија А, со која тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец обезбеди учество во Лигата на шампионите едно коло пред крајот на првенството.

Во 27. минута играчот за врска изведе корнер од десната страна и неговата нафрлена топка буквално го погоди в глава Амир Рахмани, а дефанзивецот од Косово зголеми на 2:0.

За 26-годишниот „македонски дијамант“, кому на крајот од јуни му истекува позајмицата од Лајпциг, ова е трета асистенција сезонава за Наполи, за кој постигна и еден гол.

Во 53. минута Елмас доби жолт картон за кошкањето со Артуро Калабрези и три минути подоцна тренерот Антонио конте го извади од игра,

Најнови вести од: Спорт

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла

To top