Македонија

И топло и можно невреме во попладневните часови

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека дневната ќе достигне од 23 до 32 степени

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во повеќе делови од државата се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер со брзина над 60 километри на час и можна изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека дневната ќе достигне од 23 до 32 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме во делови од котлината.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top