Македонија

И затвор, а и митото ќе го врати

Со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес

Јасмина Костадинова, вработената во Министерството за земјоделство –  е осудена на десет месеци затвор откако призна вина за примање мито поврзано со посредување за доделување средства од ИПАРД програмата.

Казната ќе и биде пресметана од периодот од 5 ноември 2025 година, од кога таа се наоѓа во домашен притвор.

Со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес.

Судијката Ленка Давиткова во образложението наведе дека злоупотребите во овој случај ја поткопуваат довербата во администрацијата и може да имаат сериозни последици врз распределбата на средства за земјоделците.

Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер, кои се товарат за различни форми на посредување и поткуп во процесот на доделување средства од ИПАРД програмата. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

To top