Македонија

ИНА: Таравари и Ле Риголер потврдија дека само спроведувањето на преговарачката рамка и уставните амандмани е пат кон преговорите со ЕУ

„Еден од лидерите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вчера, на 17 ноември 2025 година одржа многу важна и продуктивна средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во француската амбасада.“ – објави информаивната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

„На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и европската ориентација, при што беше потврдено дека спроведувањето на преговарачката рамка – вклучително и уставните амандмани – останува единствениот пат кон отворање преговори со Европската Унија.“ – истакна агенцијата.

Натаму таа наведува во веста: „Исто така, разговорот се фокусираше на локалните избори од 11 јануари, каде што двете страни ја истакнаа важноста од гарантирање слободен, фер и транспарентен процес, како суштински услов за демократска стабилност и зајакнување на довербата на граѓаните.“

„Таравари ја оцени високо постојаната поддршка на Франција за реформските процеси, зајакнувањето на демократијата и заедничките напори кон евроатлантската интеграција на земјата.“ – објави Илирија-ИНА

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

Пренџов до Тренчевска: Во уплав сте како лист, што ќе падне, само се чека ветерот да го турне! Новиот обвинител да ги истражи Заев и неговиот клан!

„Не можете никој, од прв до последен, да ја скриете исплашеноста и уплавот, кој што го имате од тоа, што ќе се случува во Република Македонија. Зошто? Бидејќи имате јавен обвинител кој де го фалите, де ќе гласате против него, де можеби ќе биде партиски. Но, Ви се враќаат спомените за сите криминали, кои сте ги правеле во министерствата, во владата, во општините и се однесувате како лист во октомври што знаете дека ќе падне на земјата но се чека ветерот кој ќе го бутне!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Пренџов, обраќајќи ѝ се директно на пратеничката Јована Тренчевска, инаку и потпретседателка на СДСМ, на денешната седница на Собранието при изборот на новиот државен обвинител Ненад Савески.

Најнови вести

To top