Македонија

Индустријата со раст од 2,8% – Кои сектори највисоко котираат?!

Раст на производството во октомври на годишно ниво има во: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%.

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8 % во однос на октомври 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Податоците на ДЗС покажуваат дека за растот на индустриското производство биле заслужни секторот енергетика каде што е забележан раст од 26,5% и преработувачката индустрија  со раст од о,4%. Во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври годинава споредено со ланскиот октомври производството е намалено за 0,2 %.

И во овој месец како и во претходниот најголем раст на индустриското производство бележи тутунската индустрија од 175%. Во септември оваа индустрија имаше раст на производството од 184,1%.

Зголемување на производството во октомври на годишно ниво е забележано во одделите: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2,4%.

1. Индекси на индустриското производствооктомври 2025 (2024=100)

X 2025
X 2024
I-X 2025
I-X 2024
X 2025
Ø 2024
X 2025
Ø 2021
Вкупно 102.8 102.4 113.7 110.0
АЕ Енергија 125.9 94.0 105.1 100.9
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 110.5 112.7 125.5 108.9
ББ Капитални производи 90.8 97.4 105.4 120.8
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 82.4 97.5 94.5 109.3
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 101.3 99.2 114.2 110.2
Б Рударство и вадење на камен 99.8 100.5 104.6 96.8
      05 Вадење на јаглен и лигнит 124.1 102.6 95.3 66.5
      07 Вадење на руди на метал 93.4 94.7 96.6 95.0
      08 Вадење на други руди и камен 105.8 107.9 119.3 109.2
В Преработувачка индустрија 100.4 103.3 115.2 112.3
      10 Производство на прехранбени производи 100.7 100.4 140.8 131.8
      11 Производство на пијалаци 111.8 99.2 94.0 96.0
      12 Производство на тутунски производи 275.8 148.2 133.9 52.6
      13 Производство на текстил 97.3 96.7 103.8 112.8
      14 Производство на облека 96.1 99.7 94.6 72.1
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 114.1 119.9 132.5 90.7
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
125.9 116.9 261.4 282.7
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.2 99.2 101.3 86.0
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
117.9 104.2 103.3 100.7
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
71.0 102.6 93.0 90.5
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
116.3 98.1 128.7 184.2
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
177.5 180.5 195.3 169.3
      23 Производство на други неметални
минерални производи
98.3 113.3 115.8 119.0
      24 Производство на метали 85.8 93.1 92.3 58.3
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
92.3 73.6 94.9 62.0
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
120.7 98.0 129.1 83.3
      27 Производство на електрична опрема 112.0 112.0 125.3 133.1
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
84.4 90.3 91.6 100.0
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
93.2 103.9 113.1 135.6
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
80.2 105.5 96.5 112.3
      31 Производство на мебел 80.4 108.9 93.0 101.2
      32 Останата производствена индустрија 46.5 48.9 50.7 71.3
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 70.9 84.3 91.6 190.0
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
126.5 92.8 106.2 107.6
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
126.5 92.8 106.2 107.6

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

Попов: Македонскиот јазик не е „вештачка конструкција“ и борбата за него не е завршена! Стратегиските партнери треба да помогнат за спорот со Бугарија!

–Официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е никаква „вештачка конструкција“, туку логичен тек на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на цела територија. Тој има долга историја и особен влог во рамките на групата на словенски јазици и светското јазично семејство. Но борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена. Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права бидејќи неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со преземените обврски со потпишаните меѓународни договори. “ – нагласи Живко Попов, претседателот на Македонската академија на науки уметности, денес во своето годишно обраќање. .

Уставниот суд ги отфрли иницијативите, со кои се оспоруваше уставноста на „Безбедниот град“

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите на Законот за прекршоци. Иницијативи со кои се бараше да се оспори „Безбеден град“ поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци. Забелешката е и за, како што се тврдеше, „спроведувањето на системот само во Скопје, Тетово и во Куманово“, потоа и за обврската за поседување мобилен телефон и интернет-адреса заради доставување на пораките, но и за наводна „селективна примена на Законот и за дискриминација на Албанците“. Со иницијативите се бараше Уставниот суд да ги поништи „спорните“ одредби.

Најнови вести

To top