Македонија

Инфлацијата во јануари изнесувала 3,2%, измери Државниот завод за статистика

Индексот на трошоците за живот во јануари годинава бележи годишно зголемување од 3,2 отсто во однос на истиот месец претходната година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Истовремено, во извештајот е наведено дека индексот на цените на мало е зголемен за 1,2 отсто. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на живот, во јануари е намалена за 0,7 отсто во споредба со претходниот месец.

Трошоците за живот за една година пораснале за 3,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во извештајот е наведено дека индексот на цените на мало е зголемен за 1,2%. Во однос на инфлацијата од 4% во 2025, сега таа попушта, но повторно има раст во повеќе ставки, освен кај транспортот и услугите во образованието.

ЦЕНИ НА ХРАНА СПОРЕДБА ЈАНУАРИ 2025 СО ЈАНУАРИ 2026

ХРАНА И БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ        5,1%

ЖИТА И ПРОИЗВОДИ ОД ЖИТА                     2,1%

МЕСО                                                                     9,5  %

РИБА И МОРСКИ ПЛОДОВИ                           1,9 %

МЛЕКО, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ И ЈАЈЦА     6,7 %

МАСЛА И МАСТИ                                              3,8 %

ОВОШЈЕ И ЈАТКАСТО ОВОШЈЕ                    17,5 %

ЗЕЛЕНЧУК                                                          8,5 %

ШЕЌЕР, СЛАТКИ И ДЕСЕРТИ                        11,4 %

Месечната инфлација, пак, е намалена за 0,7%. Падот на инфлацијата во јануари 2026, во однос на декември 2025, е резултат на намалувањето кај транспортот за 9.3 отсто, информации и комуникации за 1.6 отсто, рекреација, спорт и култура за 1.5 отсто, облека и обувки за 1.2 отсто, нега, социјална заштита и други стоки и услуги за 0.5 отсто, објави ДЗС.

ПАД НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЈАНУАРИ 2026, ВО ОДНОС НА ДЕКЕМВРИ 2025

ТРАНСПОРТ                                                            9.3%

ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ                 1.6%

РЕКРЕАЦИЈА, СПОРТ И КУЛТУРА                    1.5%

ОБЛЕКА И ОБУВКИ                                             1.2%

Како последно, благо поскапеле и услугите во рестораните и хотелите за 0,7%.

 

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top