Македонија

Иванов: Ова се нашите три светилници на нашата борба за сопствена држава

Поранешниоот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, упати честитака во повод денешниот празник во која порачува да ја чуваме Македонија за да и таа не сочува од бурите на денешницата

„Денес, Република Македонија одбележува 123 години од Илинденското востание и 82 години од второто заседание на АСНОМ.
Оваа година на 8-ми септември ќе одбележиме и 35 години од нашата сувереност и независност.
Ова се нашите три светилници, три Илиндени, на нашата борба за сопствена држава“, вели поранешниот претседател на Македонија во илинденската честитка.
Денес, сите македонски граѓани имаат причина за славење и гордост.
Прославувајќи го 2 Август, Денот на Републиката, имаме извонредна можност да им се поклониме и да им се заблагодариме на сите херои од сите периоди и историски премрежија на нашиот народ кои ги остварија идеалите за слобода, рамноправност и демократија.
Затоа, наше право и должност е да се грижиме за нашата Република Македонија, да ја градиме и да ја чуваме.
Иднината на нашата Република ја градиме со секој наш став во однос на секое прашање за Републиката.
Да си ја чуваме нашата Република Македонија, за да и таа не чува од бурите на денешницата. Бидејќи немаме ништо повредно од тоа.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top