Македонија

Јанева ги делела предметите на тимски играчи кои денес се претставуваат како жртви, тврди Манасиевски

Катица Јанева ги делела предметите по насоки од Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените „бомби” од страна на СДС и Заев, вака вели во своето сведоштво на телевизиско гостување поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу – рече денеска на прес- конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред да почне со работа СЈО, биле одбрани 7 од вкупно 12 обвинители, додека пак останатите 5 коишто требале да се приклучат, се приклучиле за многу кратко време, само поради фактот што еден од тие 5 обвинители морал да биде Гаврил Бубевски. Се чекало на амин од страна на Зоран Заев за овој тим да се оформи и да почне со работа.

СЈО кое било користено за интересите и потребите на СДСМ, информации кои ние долго време ги говоревме, денес веќе и се потврдуваат.

Дека станува збор за договор на Катица Јанева и Зоран Заев во тоа време, говори сведоштвото на Кадриу, која вели дека Јанева на своите вработени им кажала дека на ден 30.12.2015 година, не мораат да дојдат на работа, туку да си ги спојат тие деновно односно со празниците и да одмораат дома но, една од оние кои не го направиле тоа била и Лејла Кадриу, која сведочи како тој ден кога не требало никој да има на работа, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и други лица биле во СЈО и носеле материјали кои незаконски ги примиле Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Дополнително на ова, сите таканаречени бомби, биле прво праќани до ЈО, за потоа да бидат проследени до СЈО, за Катица Јанева да ги распореди кој предмет за кој обвинител да го работи.

Ристоска, Бубевски, Фетаи и Стефановска, биле толку големи професионалци во својата работа, што овие пријави од Зоран Заев ги преземале без никаков записник, што е спротивно на законите и отвора дополнителен сомнеж за веродостојноста на истите.

Од една страна ја имаме Ристоска, која сака да биде државен јавен обвинител, која во тие моменти била воодушевена од присуството на Заев и Шекеринска, нешто коешто во својата работа не смее да го покажува. Имено, дали баш на овој начин Ристоска би го водела и обвинителството, со симпатии кон одредени структури во државата?

Од другата страна, го имаме Гаврил Бубевски, човек кој самиот се фалел дека не смеело ништо да помине токму без негово одобрение во СЈО, човекот кој имал 4 телефони, и на секој телефон добивал различни насоки од луѓе кои му кажувале кој предмет кој обвинител да го работи. Со тоа, директно надворешни структури, односно Зоран Заев и СДСМ влијаеле на епилогот на овие пријави.

Овие професионалци, кои денес глумат жртви, треба да се извинат за она што го правеле во минатото, по сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу, личност која ја делела истата канцеларија токму со овие луѓе. Не смееме да дозволиме партиско инструирани личности повторно да ги водат овие правосудни органи. Правда и одговорност мора да има – рече Манасиевски на прес-конференцијата.

Најнови вести од: Македонија

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Филков: Правосудниот испит се спроведува согласно со законите! Удар врз уставниот поредок се тврдењата дека законската обврска за познавање на македонскиот јазик е дискриминација!

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, вели министерот за правда, Игор Филков во својата реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Кастеланета: Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во ЕУ, во спротивно постои опасност од надворешни влијанија

Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во Европската унија. Земјите чекаат на интеграција од 2003 година, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум за Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР) што се одржува во Скопје. – Проширувањето е инвестиција во иднината на Европа. Доколку ги одложуваме ваквите активности ќе треба да се плати цена односно постои ризик од потпаѓање на надворешни влијанија. Токму затоа се обидуваме да воспоставиме процес кој ќе овозможи предвидливи активности. Пред неколку дена имавме средба во Братислава каде се потврди важноста на проширувањето и се утврди дека треба да се преземат постепени мерки за интегрирање на Западен Балкан во Европската унија, рече Кастеланета.

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетски прашања

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор

Најнови вести

To top