Македонија

Јанкуловски: Филипче е очајник кој има проблем со лидерство (ВИДЕО)

Не ме изненадува, повторно да се повикува меѓународната заедница ‘слушајте ние имаме режим’, сите имаме режим помалку или повеќе, меѓутоа да го споредувате со овие држави (Иран, Венецуела) повик е на очајник, човек што не знае што да прави во политика, вели професорот

Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски вели дека повикот на лидерот на СДСМ , САД да интервенираат во Македонија по примерот на Венецуела и Иран е повик на очаен политичар кој има проблем со самото лидерство во самата партија и генерално во политиката.

„…никако да излезат од оној наратив кој го користат со години, или сме режим или сме заробена држава, или друг треба да ни ги реши проблемните. Најчесто се повикуваат меѓународната заедница да дојде и тоа го направи како што го направи за време на шарената револуција па да ни устолични некоја нова Катица Јанева, да тоа го обландира, да го реши проблемот, истакна Јанкуловски во гостувањето во емисијата „Се или нешто“ на новинарот Љупчо Цветановски на Алфа телевизија.

Едноставно не се излезени од матрицата која ги донесе таку каде што се денеска, да бидат не релевантен фактор во македонската политика, така што секое нивно појавување повеќе или помалку звучи изветрено, како да го слушате 2014, 2015, 2016, 2017 година само што уште го нема онај историски елемент во нивното појавување, вели професорот Јанкуловски.

Според него, очигледната криза во лидерство во оваа политичка партија (СДСМ) може да ја однесе таму каде што не е посакувано, односно да ја однесе на маргините на македонската политика.

„Не ме изненадува, повторно да се повикува меѓународната заедница ‘слушајте ние имаме режим’, сите имаме режим помалку или повеќе, меѓутоа да го споредувате со овие држави (Иран, Венецуела) повик е на очајник, човек што не знае што да прави во политика, вели Јанкуловски.

Шокантен повик на Филипче до САД за воена интервенција во Македонија како во Венецуела и Иран (ВИДЕО)

„Има толку работи што можат да ги следат, или оние што му ги пишуваат соопштенијата немаат поим од политика, незнаат во која насока се движи светот, државата, па и ако сакате и владата. Меѓутоа има теми за кои може да поентираат, може да бараат поддршка во комуникација со јавноста. Ова што го прават е токму рециклирање на нешто што е веќе видено, така што ‘режим и затворена држава’ едноставно веќе не се купува во Македонија, колку сакаат да го верглаат тоа, таа мантра да ја повторуваат, меѓутоа нема почва на која ќе се фати, дециден е професорот Јанкуловски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Со подземната сообраќајница ќе се намалат за најмалку една третина метежот и сообраќајниот хаос во Скопје

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека булеварот „Македонија“ е еден од најсериозните капитални проекти за градот, којшто било кога во минатото е започнат да се реализира.

To top