Македонија

Јанкуловски: СДСМ е пред смрт, поради разбојништва во минатото, грабеж, корупција, предавства и продажба на националните интереси!

„Природно беше дека ќе се соочи СДСМ со своето политичко исчезнување еден ден. Оваа политичка смрт мораше да се случи.“ – нагласува професорот д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов со „Хроника на една најавена политичка смрт“, која ја објави новинската агенција „Нетпрес“.

Предавствата и пазарењето со националните интереси се печатот што го ставија социјалдемократите врз државата. Затоа СДСМ е во последната фаза на своето постоење Предавствата и пазарењето со националните интереси се печатот, што го ставија социјалдемократите врз државата. СДСМ ја изгуби иднината во оваа држава. Минатото со политичко разбојништво, грабеж, корупција и продажба на националните интереси го трасираа патот за негово политичко распарчување и исчезнување од политиката во Македонија.– истакнува Звонимир Јанкуловски.

Натаму, покрај другото, тој пишува: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е во завршната фаза од своето постоење – дословно умира по неуспехот на локалните избори. Пропаѓањето, или смртта на една политичка партија не треба да се слави. Тоа е трагедија. Тоа покажува што се случува кога се неодговорни политичарите. Оваа губитничка верзија на СДСМ со своите замаглени, идеолошки преокупации, со своите политички предавства, политичка сервилност и ароганција како власт, не ја сфати клучната промена во политиката во Македонија – дека бирачите нема да ги наградат политичкото предавство и политичкиот неуспех.

Политичка партија, што преовладуваше во македонското општество од независноста на државата, сега се наоѓа пред егзистенцијална бездна. Изненадува тоа што оваа партија по два последователни циклуса на порази на изборите не покажува инстинкт за преживување. Трагедијата за оние следбеници, кои ја поддржуваа оваа партија, е што не постои алтернатива не постои. Ниту ЗНАМ, ниту Левица не се алтернатива за СДСМ. .

Лекциите од историјата се немилосрдни. Кога доминантните партии ја губат својата контрола и одбиваат да се приспособат, се уриваат. Наместо опстанок, социјалдемократите продолжуваат да се предозираат со отровна идеологија. Ако воопшто политичката омраза може да се нарече идеологија. Оддамна оваа партија ја изгуби својата боја, својот карактер и својата цел. Се прашувам: дали воопшто некогаш ја имала? Социјалдемократите никогаш и немале некоја водечка идеологија, или принципи,  што ги држат заедно.

Оваа партија отсекогаш била разновидна коалиција на политички кариеристи и профитери, кои никогаш не успеаја да ја дефинираат својата основна цел за постоење во политиката. Без идеологија, или принципи што ги држат заедно, соочени веќе со немање ресурси и неспособни да ги постигнат своите основни цели во политиката, социјалдемократите се на патот на „политичка смрт од распаѓање“.

Предавствата и пазарењето со националните интереси се печатот, што го ставија социјалдемократите врз државата. СДСМ ја изгуби иднината во оваа држава. Минатото со политичко разбојништво, грабеж, корупција и продажба на националните интереси го трасираа патот за негово политичко распарчување и исчезнување од политиката во Македонија. Лицемерно ја обесчестија, изиграа и продадоа оваа партија за лични интереси. Нивна главна цел во политиката беше грабежот на некогашниот општествен капитал, максимално зголемување на изборните резултати и зачувување на моќта на некогашната преобразена комунистичка елита. – заклучува професорот Јанкуловски во својата колумна.

 

Најнови вести од: Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Дел од кровна конструкција падна врз автомобил додека се движи по улица во скопски Карпош (ВИДЕО)

Споделена е и драматична снимка, во која се гледа како дел од кровна конструкција паѓа врз автомобилот во кој се наоѓаат токму снимателите

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top