Македонија

Јовева: Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ

Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели словенечката европратеничка

Мислам дека не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и со Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.

„Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина. Мислам дека таквиот наратив не во ред и не е фер, пред сѐ, од страна на Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Северна Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија – вели Јовева, која има македонско потекло.

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека македонската држава има напредок, но дека оценката е премногу генерална.

„ Секако, не може да се каже дека С. Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок – потенцира Јовева.

Словенечката европратеничка смета дека не се точни оценките дека Европската Унија не сака да ја прими земјава во ЕУ и дека само ја користи Бугарија како изговор.

„Како некој што има доста добри контакти и увид во сето она што се случува, воопшто не можам да се сложам со таквите проценки. Мислам дека на нив не им е место, посебно не сега. Моментумот е тука. Тоа нема врска со сакање или не сакање, туку со реалноста, а реалноста е дека С.Македонија има направено напредок“ истакнува Јовева.

Таа додава дека спорот со Бугарија е билатерален, што е јасно кажано и од страна на Европскиот парламент во последните извештаи, како и од страна на Европската комисија.

„Како што не е фер да се става С. Македонија во ист кош со Србија во контекст на напредокот во пристапниот процес, исто така не е фер да се користи општата ситуација во регионот за собирање евтини политички поени. С. Македонија е држава која заслужува место во Европската Унија и мислам дека кога-тогаш ќе стигне до тоа. Само треба да продолжи со реформите – додава Јовева.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top