Македонија

Калас во Скопје: „Презeмете ги чекорите за отворање на преговорите со ЕУ“

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ја пречека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во Скопје. Тој кажа дека пред нив е исполнета агенда со повеќе средби на кои очекува конструктивна и отворена дискусија. Европската Унија останува посветена на поддршката на *Македонија на нејзиниот пат кон полноправно […]

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ја пречека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во Скопје. Тој кажа дека пред нив е исполнета агенда со повеќе средби на кои очекува конструктивна и отворена дискусија.

Европската Унија останува посветена на поддршката на *Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата, порача Калас по денешната средба со државниот врв во Скопје.

„Вие сте првата земја во регионот која го потпиша партнерството за безбедност и мир, што обезбедува заедничка поддршка за Украина и за цела Европа,“ изјави Калас, нагласувајќи ја улогата на земјата како стабилен и сигурен партнер за регионалната безбедност“.

Калас реч дека „Северна Македонија припаѓа во Европската Унија. Вие веќе сте дел од нашата заедничка безбедносна политика, а тоа е од клучно значење во време на геополитички предизвици.

Ве охрабрувам да останете на истиот пат и да ги преземете потребните чекори за отворање на пристапните преговори,“ порача Калас.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top