Македонија

Кирјас ги исмеа напаѓачите на Зајкова: „Зошто не кажаа дека сме јас, Жоро и Таче во тројна геј врска?“

Саркастична реакција од Софија на клеветите против Зајкова

Screenshot

Поранешниот државен секретар за надворешни работи и потпретседател на Либералната интернационала, Емил Кирјас, во објава на Фејсбук остро ги осуди личните навреди и клевети насочени кон претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, по нејзината јавна порака од Софија.

Кирјас, кој во моментот се наоѓа во Софија, саркастично праша зошто напаѓачите не измислиле и приказна дека тој и уште двајца пријатели се во „тројна геј врска“ низ градот.

Тој посочи дека изгледа можат само да ѝ носат вода на Зајкова во она што го говори и како поентира, бидејќи напаѓачите не се доволно креативни во измислувањето и „бљуењето гадости онлајн“.

Додаде и дека „по изглед не сме ѝ ни до колена“ и дека мора да работат на себе.

Објавата доаѓа непосредно по јасната порака што Зајкова ја упати од Софија до бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и до бугарските власти – дека е време конечно да се прекине со ирационалните условувања и да се покаже вистинска европска поддршка за Македонија.

Наместо суштинска дебата, одредени кругови одговорија со лични напади и клевети.

Стравичен напад врз лидерката на ЛДП од властите во Софија

Редакцијата на „Експрес“ веќе соопшти дека нема да ги објави тие срамни конструкции, бидејќи станува збор за изолирани лични напади чија единствена цел е да се дефокусира јавноста.

Кирјас со својата реакција јавно застана во одбрана на Зајкова и го посочи ниското ниво на кампањата што се води против неа.

Најнови вести од: Македонија

To top