Македонија

Ќе има тестови за дрога за сите лекари, само ако се прифатат предложените измените на законот

Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

Првиот човек во здравството, министерот Азир Алиу рече дека лично смета оти треба да се воведе законска обврска за редовни токсиколошки анализи кај сите лекари, по објавата на скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, меша бела прашкаста материја и вели дека користи „само чисто бело“. Алиу, сепак, призна дека не е сигурен дали таквата обврска може веднаш да се вметне во некој од 12 здравствени закони што моментално се менуваат.

  • „Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира, не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.

Тој потврди дека сега веќе разрешениот директор Кузмановски од март годинава работел со истечена лиценца. Во моментот, неколку комисии — меѓу кои и Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат — спроведуваат проверки за да утврдат дали и какви прегледи извршувал Кузмановски во периодот додека немал важечка лиценца.

Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

Алиу информираше и дека на местото на разрешениот Кузмановски е назначен нов вршител на должност — Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој најави формирање две интерни комисии кои ќе спроведат стручен надзор врз работата на Клиниката и активностите на Кузмановски во изминатите 12 месеци.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top