Тензично во судницата и по рочиштето за трагедијата во дискотеката „Пулс во Кочани”. До судир дојде меѓу родители на загинати деца и обвинетиот градежен инспектор, Огњан Ѓорѓиев.
Тој бесно изреагира на сведочењето на Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.
Таа изјави дека го видела инспекторот Николчо во дискотеката.
„Ова е срамота. Ајде стрелајте ме веднаш, што ме судите. Па и ти си виновна за случката, треба и вие овде да седите, малолетно дете сте пуштиле”, ја обвини мајката обвинетиот градежен инспектор Георгиев.
Веднаш се слушнаа пцости и закани кон Ѓорѓиев.
Во ќелијата на газда Деко пронајден мобилен, судијката му се закани:„Посетите ќе ти ги забранам“
„Ќе те видам во Кочани ќе те убијам. Ќе летнат глави на некој пешачки премин“, се заканија револтираните родители, а судското обезбедување ги замоли родителите да бидат тивки.
Мајката на загинатото девојче рече дека не видела пожарникари да изнесуваат деца надвор. Ималл само полицајци, кои стоеле со скрстени раце и не помагале.