Македонија

Го прегазил и побегнал: Фатон Љури осуден за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

По ударот, обвинетиот не застанал да укаже помош, туку го напуштил местото на несреќата и два дена бил во бегство.

Основниот кривичен суд Скопје го осуди Фатон Љури на 11 години затвор за сообраќајната трагедија што се случи на 1 јули 2025 година на пешачката патека на кејот на Вардар во Скопје.

Љури, управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола и без заштитна кацига, удрил во пешакот Југослав Николовски (68 години), кој подоцна починал од здобиените повреди.

По ударот, обвинетиот не застанал да укаже помош, туку го напуштил местото на несреќата и два дена бил во бегство.

По неговото пронаоѓање и приведување, беше поведена кривична постапка која заврши со денешната пресуда – 11 години ефективен затвор.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради бруталноста на настанот и бегството на возачот.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top