Македонија

Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар – рече Филипче за протестот на ДУИ

За претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денешниот протест за поддршка на лидерите на УЧК, е уште една од серијата смислени и изрежирани работи кои служат за дефокус од главниот проблем, а тоа се мигранти за пари.

Не знам дали следевте и забележавте дека нас нѐ интересира само едно: што ќе правиме со мигрантите? Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар! Имаме мигранти на вратите на државата, а јас да зборувам за работи од минатото, за војна? Мене ме интересира иднината на Македонија, но не било каква, туку европска. Како да одиме таму ако прифатиме мигранти?

Засекогаш ги затвораме вратите на Македонија. Засекогаш! На кого уште не му е јасно? Сè со цел да ни го одвлечат вниманието од мигрантите. Се занимаваат со политички прогон, кривични пријави, тужби и глупости од 2018 година, сега и протести.

Само уште циркус и слонови на улица не извадија. Не сакам да се занимавам со смислени и изрежирани работи кои служат за дефокус од главниот проблем, а тоа се мигранти за пари – изјави Филипче за Либертас како коментар на денешниот протест.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top