Македонија

Кој е човекот кој цели 7 години има увид во ПИ мерките во Јавното обвинителство

И во периодот кога Јовевски е обвинител, задолжен за посебните истражни мерки е Коцевски, актуелен шеф на државното обвинителство

Актуелниот државен обвинител Љупчо Коцевски ги контролирал ПИМ-мерките и во времето на екс шефот на обвинителството Љубомир Јовевски, тврди извор во обвинителство за Плусинфо.

Ова на актуелниот шеф на обвинителството му дава моќ која што може да е поголема и од премиерот Мицкоски особено ако се докаже дека и против него имало одобрени посебни истражни мерки преку кои Коцевски ги знае сите најголеми интимни работи на премиерот Мицкоски.

Кој бил должен да ги контролира посебните истражни мерки (прислушување, следење и слично) во периодот од 2019 до 2024 година? Според изворот на порталот, тоа бил државниот јавен обвинител или обвинител од него овластен.

,,Љубомир Јовевски беше избран за државен јавен обвинител во ноември 2017 година. Мандатот, според законот, трае 6 години, односно формално неговиот период е 2017 – 2023. Во февруари 2024 година, на негово место доаѓа актуелниот државен обвинител Љупчо Коцевски. Интересно е дека и во периодот кога Јовевски е обвинител,. Задолжен за посебните истражни мерки е Коцевски. Според моите сознанија, тој таа задача ја нема пренесено на друго лице. Така што, вистинскиот човек за поставување прашања е Љупчо Коцевски – вели извор од обвинителските кругови.

Последна вест на темата ТУКА

Повеќе на темата следење политичари и новинари ТУКА и на овој ЛИНК

Осомничениот екс шеф на АНБ денеска слави – на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top