Македонија

Колективна оставка на раководството на АА на „вртикапецот“ Таравари, кој сега вели: Немаме ништо заедничко со ДУИ и Ахмети!

Арбен Таравари лани за ДУИ имаше кажано дека се „рак за општеството“ и оти им треба ресетирање“.Алијанса за Албанците се подели на два дела, токму поради несогласувањата за соработка со ДУИ. Таравари го сметаше како „предавство“ чекорот на Зијадин Села да се здружи со ДУИ. Но во почетокот на мај во 2025 година Таравари поднесе оставка од позицијата министер за здравство и заедно со неговото крило во АА излезе од Владата и премина на страната на Али Ахмети и ДУИ и со нив започна соработка како опозиција, настапувајќи заенички на локалните избори со катастрофален резултат. Арбен Таравари во 2023 година имаше кажано дека „Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и треба да отиде поскоро во пензија“, во 2025 година имаше неколкумесечни тајни преговарања со истиот Ахмети заради стапување во „опозициски брак“, а сега во оваа 2026 година пак „ја врти капата“ и изјавува категорично „немаме ништо заедничко со ДУИ, ништо, имаме своја стратегија“!

На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари целото раководство поднесе колективна оставка. Како што објаснуваат од партијата, оваа одлука „е донесена за да се отвори патот за реформи и длабока реорганизација“. Таравари останува да ја води партијата како претседател до потврдување на оставките.  Одлуката за колективна оставка следи по завршувањето на повторените избори за градоначалник во четири општини, каде што АА настапи во коалиција со ДУИ. Собранието на АА на Таравари се очекува да се одржи кон средината на февруари, а Конгресот на партијата најдоцна до есента оваа година. 

Претходно деновиве ДУИ упати повик, како што соопштија, „да им се приклучат на нивната политичка формација сите политички партии во земјата кои се блиски до нивната визија“. По тој повик Таравари во рече дека немаат намера да се претопат во ДУИ. Немаме ништо заедничко со ДУИ. Ништо! Соработувавме за локалните избори и таа соработка треба да продолжи, но ние имаме наша стратегија која треба да ја подготвиме и да ја претставиме на партиското собрание, кое верувам ќе се одржи на 15 февруари со десетгодишна стратегија на партијата, како и подготовки за конгресот, што најверојатно ќе се одржи на есен. Со ДУИ имаме и ќе имаме соработка, но за спојување воопшто не размислуваме, бидејќи тие се левичарска партија, а ние сме десничарска. – изјави Таравари.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top