Македонија

Колку ќе поевтинат дизелот и бензините

Се очекуава дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар

Регулаторната Комисија за енерегетика денеска одлучува за новата цена на горивата.

Според пресметките, приемерот Христијан Мицкоски најави дека се очекуава дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар.

Премиерот Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран.

Сепак, сите очекувања се дека договор ќе биде постигнат  а со тоа и економиите ќе почнат да се стабилизираат. Цената  на нафтата во моментов се движи околу 80 долари за барел, но периодот кој следи може да се очеуваат пониски цени .

„ Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денари по литар.

Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти – изјави вчера премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top