Македонија

Контролорите на летање не ги гледаат авионите при слетување – се расипа клучниот радар во М-НАВ

Се расипа единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром, со што од вчераутро контролорите не можат да ги гледаат авионите на мала висина, кога слетуваат. Од двата радара, едниот врз Контролната кула, другиот во нејзина непосредна близина, во функција бил само вториот, кој сега се расипа.

Воздушниот сообраќај во македонското небо се соочува со сериозни предизвици поради ограничувања во радарското покривање на терминалната маневрирачка зона на Скопје (Skopje TMA). Според достапните информации, хоризонталната радарска сепарација во оваа област изнесува 10 наутички милји, што е двојно повеќе од стандардот што се применува во европските терминални зони.

Дополнителни проблеми произлегуваат од нефункционалноста на средниот надзорен радар на Бањски Рид, што значително го намалува капацитетот за следење на воздушниот сообраќај и ја зголемува потребата за резервни процедури.

Најголемото ограничување, сепак, е тоа што под 9.500 стапки (околу 2.900 метри) во Skopje TMA нема воопшто радарско покривање. Во вакви услови контролорите на летање се принудени да применуваат процедурска наместо радарска контрола, што подразбира поголеми временски и просторни растојанија помеѓу авионите. Како резултат, неминовни се задржувања и доцнења на пристигнувањата и полетувањата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Воздухопловни експерти предупредуваат дека ваквите ограничувања не само што го намалуваат капацитетот на воздушниот сообраќај, туку и ја зголемуваат комплексноста и одговорноста во работата на контролорите.

Сакам да кажам информираше дека се расипал и единствениот исправен радар во Контролата на летање во Македонска навигација (М-НАВ) на скопскиот аеродром. Станува збор за вториот од двата радара што се наоѓаат на самиот аеродром – еден врз Контролната кула и еден во нејзина непосредна близина – при што во функција бил само вториот, кој од вчера е нефункционален.

Со ова, контролорите на летање во моментов немаат можност да ги следат авионите на мала висина, токму во најчувствителната фаза од летот – при слетување и полетување.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top