Македонија

Костадиновски: Лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината(ВИДЕО)

По повод одбележувањето на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски преку видео обраќање упати честитка до граѓаните и ги повика на лојалност кон Уставот и исполнување на својата должност кон татковината.

Почитувани граѓани,

По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени. Изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина. Тоа е најсигурниот начин да го зачуваме заветот на нашите предци и најсигурниот начин да создадеме иднина за нашите наследници. Иднина во слободна, демократска и просперитетна држава. Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината- изјави претседателот на Уставниот суд.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top