Македонија

Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е наша должност (ВИДЕО)

Во видео-обраќањето по повод 17 ноември 1991 година, денот кога е донесен првиот устав на независна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Уставниот суд, нагласи дека изградбата на правна држава денес претставува чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената земја, но и најсигурен начин да се зачува заветот на предците и да се обезбеди иднина за наследниците во слободна, демократска и просперитетна држава.

„Да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност.“ – порача Дарко Костадиновски.

На Денот на Уставот тој упати честитка до граѓаните и ги повика кон негова лојалност и исполнување на својата должност кон татковината. „На 17 ноември пред 34 години е донесен Уставот на Републиката. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Уставните права ќе бидат заштитени, само ако секој од нас ја чувствува таа должност.“ – посочи тој.

Костадиновски ги повика граѓаните, како генерација да ја исполнат нивната должност кон татковината и да му бидат лојални на Уставот.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top