Македонија

Ковачки: Полураспаднатата СДС ѝ прави штета на Македонија со своите лаги и манипулации!

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание Драган Ковачки, вчеравечер во „Тема на денот“ на Сител телевизија одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полураспадната партија и едновремено изнесе во со јавноста дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.

„Во врска со НАТО сертификатот, она што го цело време потенцираат, јас го имам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДСМ и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата”, појасни Ковачки.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и оти учествува на затворени седници на тоа собрание.

„Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви напади кон личности, затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија, мора да почнат да се занимаваат малку со креирање политики, коишто одговараат на нивното портфолио“, беше дециден Ковачки.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top