Македонија

Крај на скриените загадувачи: Скопје го мапира секој извор на аерозагадување!

Претседателот на советот на Град Скопје најавува мапирање на загадувачите

Во борбата со аерозагадувањето секој треба да го даде својот придонес и да ги намали своите емисии!

Ова го посочи Даме Димитровски, новиот претседател на Советот на град Скопје.

– Сега за прв пат се прави дигитал твин на нашиот град, односно секој извор на загадување ќе се мапира, ќе знаеме кој и колку загадува и какви мерки треба да преземеме за да се намали загадување.

Да знаме со колку средства која мерка најмногу ќе придонесе за намалување на загадување, а притоа и граѓаните ќе знаат кој загадува. Исто така ќе имаат можност и самите да придонесат за намалување на загадувањето. Ќе можат да кажат ова ми е комшија кој загадува, или пак ќе можат да кажат овој автобус загадува, не сакам да се возам, ќе имаат можност самите да имаат удел во.. Дополнително се одвоја средства за повеќе паркови, коридори, средства кои ќе се користат за нови проекти. Градот е многу задолжен, но ние не смееме да кажеме дека нема да работиме, напротив ќе бараме финансии од Владата, од меѓународни извори – објави Димитровски на неговиот фејсбук профил.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

To top