Македонија

Кривична пријава против фирма и управителот Н.Б. (50) од Струмица, поради „даночно затајување“ од 1,7 милиони евра од 2022 до 2025 година

Струмичанец-управител на фирма  четири години „заборавал“ да плаќа данок.

Полицијата поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и неговиот управител Н.Б.(50) од Струмица, товарејќи ги за „даночно затајување“ во четири случаи. 

Пријавената фирма, во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на вршење на делото како  управител на правното лице, од 2022 до 2025 година „затаиле“ данок и се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.7 милиони евра.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Уставот нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани, па и за бугарската заедница, но што правиме со македонската заедница во Бугарија?!

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита на правата за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница.

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Во Македонија сите заедници, меѓу нив и бугарската, се заштитени со Уставот

Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. И тоа не го зборувам само јас, туку тоа го зборува и Советот на Европа – рече премиерот Мицкоски

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

Најнови вести

To top