Македонија

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари за „злоупотреба на службена положба“ и штета од 4 милиони денари

МВР поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево, две други лица и еден правен субјект, со злоупотреби и несовесно работење го оштетиле буџетот на Општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘злоупотреба на службената положба и овластување’, против Б.К. (46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело’несовесно работење во службата’, против Д.С. (41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело’злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство’, како и против едно правно лице со седиште во Длапкин Дол, информираат од МВР.

Се посочува дека осми јануари, минатата година, осомничениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Општина Кичево, искористувајќи ја својата службена положба донел план за јавни набавки за 2025 година на одредбите од Законот за комунални дејности.

„Иако, Општина Кичево има јавно комунално претпријатие, Ф.Д. сите комунални дејности ги доверил на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол со намера да се стекне со поголема имотна корист на штета на буџетот на Општина Кичево. Второпријавениот, одговорно овластено лице за одржување на зелени површини, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, додека третопријавениот во својство на управител во правното лице, свесно ги повредил прописите на постапката за јавен повик. Со тоа, вкупно исплатените парични средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесува вкупно 1.457.205 денари на штета на Општина Кичево“, се вели во полициската информација до јавноста.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

To top