Македонија

Кривични пријави против В.Р. (56), З.П. (61) и А.А. (60), од Вевчани, поради злоупотреби со сеча на дрва – ги оштетиле „Национални шуми“ и државниот буџет за околу 4500 евра

Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против В.Р. (56), З.П. (61) и А.А. (60), сите од општина Вевчани, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Според полицијата, првопријавениот, како раководител во Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, не извршил соодветен надзор врз постапките за сеча, транспорт и наплата на дрвна маса, со што, како што се наведува, не спречил незаконски активности и овозможил стекнување противправна имотна корист. Второпријавениот, како референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ПШС „Јабланица“, пропуштил должен надзор врз сечата и транспортот на дрвната маса.

Третопријавениот, референт за сеча и дотур, искористувајќи ја службената положба, издавал испратници за превоз на бесправно исечена дрвна маса директно на физички лица, иако, како што се наведува, бил свесен дека тоа е спротивно на законските и подзаконските акти за шумско работење и жигосување на дрва. Со ваквите дејствија, според МВР, е причинета материјална штета на ЈП „Национални шуми“ и државниот буџет во износ од 280.436 денари, односно околу 4550 евра во денарска противредност.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top