Македонија

Куманово и Кавадарци испратија помош, се чисти центарот на Скопје од отпад (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од раните утрински часови спроведуваат интензивна акција за расчистување на купиштата отпад што го преплавија Центар и главниот град, соопшти Движењето ЗНАМ.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од раните утрински часови спроведуваат интензивна акција за расчистување на купиштата отпад што го преплавија Центар и главниот град, соопшти Движењето ЗНАМ. Партијата истакнува дека проблемот со отпадот е најгорливото прашање со кое се соочуваат жителите на Центар и Скопје во изминатите неколку месеци, а особено се влошил во последните две недели. Оваа ситуација, според ЗНАМ, носи ризик Скопје да стане жариште на заразни болести што можат да имаат сериозни последици по здравјето на граѓаните.

„Со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, неговиот колега од Кавадарци, Митко Јанчев, како и од неколку помали општини од скопскиот регион, Лабудовиќ и Ѓорѓиевски уште од 7 часот изутрина, празнично ги ‘светнаа’ поголемиот дел од улиците кои беа грдото наличје во централното градско подрачје. Ѓорѓиевски, како актуелен градоначалник на Кисела Вода го направи тоа и во својата општина“, соопшти ЗНАМ.

Во Општина Центар досега се исчистени неколку маала, вклучувајќи ги Кале, Пролет, Водно, голем дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов, како и околу 30 сервисно-станбени улици. Чистењето продолжува и во Маџир Маало, каде што се отстранети повеќе мини-депонии, а досега се подигнати десетици тони отпад. ЗНАМ нагласува дека акцијата за чист Центар и чисто Скопје ќе продолжи интензивно во наредните денови, сè до нормализирање на состојбите пред вториот круг на локалните избори. „Центар и Скопје се сакаат со дела – не само со зборови“, порачува ЗНАМ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top