Македонија

„Курир“: Бандата на Филипче, Заев, Шмрчко, Жерновски, од „државотворна“ станаа патолошка партија! – Врескаат против Савески, кој нема никаква партиска врска како нивните обвинителски ајвани!

„Нов ден, нов пораз и доказ за лажните вести за СДС и Венко Филипче. Се случи нов демант на лажните вести и клевети на подизведувачите на Заев. СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли како неоснована инфантилната кривична пријава против премиерот Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека по неговата изјава за неговото ‘чувство’ следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, николовски и останата банда).“ – пишува порталот „Курир“ во својот редакциски коментар.

Во коментарот со наслов „СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли инфантилната кривична за ‘чувството’ на премиерот Мицкоски“ натаму порталот истакнува: Уште при поднесувањето на кривичната пријава сите правни експерти реагираа дека е бесмислица да се поднесе кривична пријава, поради нечие чувство, како и оти таа кривична пријава мора во себе да соддржи конкретно дело, кривично во случајов. Тоа кривично дело го немаше во интуитивната изјава на премиерот, кој со неа ги вознемири и потресе криминалците од СДС, за чиј криминал во времето на Заев, Венко и Ковачевски знаат и врапчињата.

Следуваше и панична реакција на СДС, кои вознемирени што ова не е веќе распупеното правосудство на Заев, заврескаа на цел глас против новиот државен јавен обвинител Савевски. Навикнати на нивните подизведувачи Коцевски и Јовески, по навика го споредија дејствувањето на човекот, кој нема никаква партиска врска со нивните обвинителски ајвани и заврескаа: „Судството и обвинителството се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците! Затоа се обединуваме околу Фронт за вистина и правда и новиот Закон за антикорупција.“

Самите прејудицираа дека некој ќе ги затвора. Дали е тоа за криминалот од 2017-2024 ли?! На тоа ли се должи уплавот и очајничкото дејствување на пулените на Филипче?! Проблемот е што, ако се искрени и  ако тој „Фронт за вистина“ и правда навистина проработи како што треба, тогаш ќе треба СДС, Венко и Заев први и помалку монтипајтоновски да се самозатворат!“

Вака, демаскирана е уште една тешка лага и инфантилна клевета на СДС. Вчера ги демантираа за Реформскиот процес со ЕУ, претходно за мигрантите, уште попретходно тоа го стори Томас Вајц, пред него беше Марта Кос, пред неа амбасадорот Метју Лосон, пред нив реагираше Унгарија и така натаму. Предолг е списокот на лаги и клевети од Венко, Шмрчко, Богданка, Жерновски и останатата банда.

Од „државотворна“, СДС станаа ПАТОЛОШКА ПАРТИЈА! – заклучува „Курир“ во својот редакциски коментар

Најнови вести од: Македонија

Филипче лут – ja повлече пратеничката група на СДСМ од Комисијата за финансирање и буџет

Претседателот на СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

Најнови вести

To top