Македонија

Курти во Македонија по повод Денот на албанската азбука: средби со претседателот на Собранието Гаши и лидерите на Вреди

„На покана на Владата денеска во Македонија престојуваше косовскиот премиер Албин Курти. Тој се сретна во Скопје со претседателот на Собранието Африм Гаши и лидерите на коалицијата Вреди на овој ден со посебна симболика за Албанците – на Денот на азбуката.“ – објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик, пренесувајќи го и соопштението на коалицијата Вреди.

Весникот наведува: „Средбата се одржа пред централниот настан во Битола, каде што пред 115 години делегатите на Конгресот во Битола одлучија за заедничката азбука на албанскиот јазик. Според претставниците на Вреди оваа годишнина претставува важен момент на размислување за жртвата, решителноста и визијата на оние кои ги поставија темелите на албанското национално образование и култура.“

„Во соопштението за медиумите се нагласува дека Денот на азбуката останува еден од најтемелните настани во албанската историја, додека Битолскиот конгрес се смета како пресвртница, што го отвори патот за еманципација и национален развој.“

„За време на средбата лидерите на Вреди и премиерот Курти си честитаа едни на други за победите на локалните избори во двете земји, опишувајќи ги како потврда на вербата на граѓаните во новите политички визии. Двете страни се обврзаа да ја продлабочат соработката меѓу двете земји, ориентирана кон просперитет, развој и интеграциските процеси.“ – објави „Лајм“

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top