Македонија

„Лидерот“ Филипче е само маша, со која се штити криминалот на Заеви – никој во СДСМ не сака да му биде во тимот

„Филипче е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне. Филипче е само продолжена маша на Заев во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви. Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДСМ под раководство на Филипче. Во СДСМ постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче“, нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата, истакнува, исто така, МРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ, во СДСМ ништо не се менува, а партијата под раководство на Венко Филипче останува заложник на бизнис интересите на кланот Заеви. „Филипче е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне. Филипче е само продолжена маша на Заев во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви. Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДСМ под раководство на Филипче. Во СДСМ постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче“, се вели во соопштението.

Во СДСМ, се додава, нема реформи, нема консолидација, а нема ништо и од најавеното окрупнување.

„И кога Филипче зборува за менувачници веројатно мисли на онаа менувачница каде Заев ги упатуваше да се носат парите од „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“ на кланот Заеви. Филипче со конструкциите, лагите и манипулациите е на чекор да го надмине неговиот ментор Заев. Филипче е континуитет на погрешните политики на Заев кои ги осиромашија граѓаните и ја ставија во подредена положба државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Филипче свесно шири паника кај населението, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку вака продолжи Филипче на следните избори катастрофалната бројка од 130 илјади гласа ќе му биде многу недостижна. Наместо реформи и консолидација во СДСМ има континуитет на лагите и погрешните политики на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Плус инфо“:„Филипче е само маша со која се штити криминалот на Заеви – никој во СДСМ не сака да биде во неговиот тим“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top