Македонија

Љутков најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малевски

Културното наследство е непроценливо богатство, кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, од несовесност или од краткорочни интереси, истакна Љутков

Министерството за култура и туризам веднаш ќе почне со изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Владо Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историскиот дух, што го носи домот на авторот на македонската химна, изјави денеска од Струга, ресорниот министер Зоран Љутков.

По посетата на локацијата, каде пред два дена при изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство информира дека инспекциската служба на Управата за заштита на културно наследство констатирала сериозни оштетувања.

– Како министр за култура и туризам, најостро ги осудувам овие дејствија и секоје неодговорно постапување што доведува до уништување или загрозување на заштитени објекти. Културното наследство е непроценливо богатство, кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, од несовесност или од краткорочни интереси, истакна Љутков најавувајќи дека ќе следат соодветни пријави согласно законот.

Министерството за култура и туризм, нагласи, ќе ги вклучи сите надлежни институции, стручни лица и експерти за обнова на објектот, што, според него, ќе биде изведена на најпрофесионален начин и согласно сите принципи за заштита на културното наследство.

Осврнувајќи се на обвинувањата од Социјалдемократскиот сојуз дека Министерството не води грижа за културното наследство, нагласи дека сите дозволи за таа куќа и за рушење на објектот биле издадени во последните седум години, кога во Струга на власт се СДСМ и ДУИ.

Заменик министерот за правда Ален Деребан, појасни дека одобрението за градење било издадено спротивно на материјалниот закон и законот за градење и оти градоначалникот го поништил решението, вчера, односно, по рушењето на објектот.

– Веднаш после рушењето на заштитениот културен објект, градоначалникот го поништил решението и во образложението за поништување на одобрението за градење, има констатирано дека решението кој што го издал во ноември 2024 година, е издадено спротивно на закон и спротивно на проектите кои што се доставени до органите за култура врз основа на кои требало да се издаде тоа одобрение, појасни Деребан.

Како резултат на таквото незаконско одобрение за градење на соседниот објект, забележа дека дошло до рушење на конкретниот објект, прогласен како заштитено културно наследство.

– Единствената причина за рушење на тој објект лежи во донесување на таквото незаконско одобрение за градење, кое што, за жал, не е единствено и е последица на ова криминално владење на СДСМ и ДУИ во Општина Струга, изјави Деребан.

Ги повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги обезведат сите материјални докази од проекти до издавање на одобрение за градење, затоа што имало сомнение за сторени повеќе кривични дела.

– Покрај, кривично дело бесправно градење, кривично дело е и уништување и рушење на објект, недвижен имот прогласен за културно наследство за кој што во кривичниот законик е предвидена казна за затворот три до 10 години, но и други кривични дела. Да се откријат сите сторители што учесвувале во целата постапка пред донесување на одобрението за градење до моментот кога, како последица на градежните работи кои ги изведувал инвеститорот дошло до рушење на постоечкиот објект, нагласи Деребан.

Најнови вести од: Македонија

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, компаниите да помогнат во дигиталната трансформација на земјата

Владата одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

Најнови вести

To top