Македонија

Лоцирани тројцата кодоши на АНБ кои давале лажни податоци за отворање досие за новинар

Од неговите описи упатените можат веднаш да направат фотороботи на соработниците на АНБ го кодошеле новинарот

Еден од новинарите кои извесно биле следени од Агенцијата за национална безбедност кога директор бил Викторио Димовски а началник Јовче Ременски го дава профилот на тројцата луѓе кои биле извори или кодоши на АНБ и врз основа на чии изјави било отворено досие за следење.

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев кој е најверојатно жртва на следење од АНБ за Плусинфо вели сака да го види Виктор Димовски зад решетки.

Златев вели дека уште во далечната 2019 свиркачи од АНБ му посочиле дека бил следен со посебни истражни мерки.

,,Податоците кои ги имам се дека во периодот од 2019 до 2024 година за мене се отворани апсурдни предмети, кои имаат единствена цел да бидам ставен под посебни истражни мерки, односно да бидам следен и прислушуван. Белешките кои се користеле, се искази за луди сценарија, кои на службата ѝ ги кажувале некакви соработници. Содржината е измислена, а соработниците случајно ги познавам, односно се луѓе кои постојано ми се појавувале од некаде, сакајќи да имаат комуникација или некаква соработка со мене”, вели Златев давајќи го профилот на тројца соработници.

,,Еден од нив е осуден за убиство на дете и старец, друг е подкастер и некаков уредник, трет е измамник кој пропадна една од најголемите градежни компании во земјава”, вели Златев од чии описи упатените можат веднаш да направат фоторобот на соработниците на АНБ го кодошеле новинарот.

,,Во меѓувреме, кога беше Виктор Димовски директор на АНБ, агенцијата поднесе кривична пријава против мене и почна судска постапка за „Оддавање на државна тајна“, која трае до ден денес. Во меѓувреме, Стејт Департментот, во извештајот за човековите права во Македонија, го спомна моето име како елементарен пример за неоснована репресија врз новинар од страна на тајната служба. Чекам разрешница на овој апсурден случај, кој во изминатите пет години предизвикува огромна загриженост во моето семејство. Но, чекам и да го видам Виктор Димовски зад решетки. За кодошите, ќе ги оставам тешките муабети на страна, нив универзумот доволно ги казнил”, вели Златев за Плусинфо.

Која е обвинителката која била следена од АНБ на овој ЛИНК

Еден обвинител со пристап до ПИМ мерки добил огромна моќ во Македонија – повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top