Маја Коневска денеска едногласно беше изврана за за генерален секретар на ДКСК која во моментот. Таа моментално ја извршува функцијата раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија.
Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото назначување за претседател му престанале надлежностите кои претходно ги имал на оваа функција.
Чучуљ ја образложи причината за предлогот Коневска да биде избрана на функцијата, нагласувајќи дека таа е дел од секретаријатот од 2005 година и има 20-годишно континуирано искуство . Во тој период, како што истакна, таа напредувала низ повеќе работни места и била на различни раководни позиции, од раководител на одделение до раководител на сектор, каде што е ангажирана и во моментот.
Тој додаде дека долгогодишниот ангажман на Коневска значително придонел за развојот на институцијата, особено во делот на меѓународната соработка, комуникацијата со граѓанскиот сектор и учеството во подготовката на клучни стратешки документи, меѓу кои државните програми и националните стратегии. Чучуљ изрази уверување дека Коневска успешно ќе се справи со предизвиците на функцијата генерален секретар.