Македонија

Мајсторот си зел 1500 евра за купатило и исчезнал – Измама во Битола

Битолчанец измамен при реновирање на купатило

Во СВР Битола е пријавен случај на измама при наводни градежни работи, во кој 59-годишен маж од Битола останал без 91.000 денари.

Според пријавата, на 01.07.2026 година во 13:50 часот, А.Д. (59) пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило како мајстор за плочки, ангажирано за изведување работи во купатилото на неговиот стан.

Осомничениот побарал и добил 91.000 денари за набавка на материјали, по што престанал да одговара на повиците и го избегнувал контактот со пријавителот.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето.

По завршување на постапката, се очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top