Македонија

Македонија го слави Св. Климент Охридски

Во Собранието денеска традиционално ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2025 година

Во Македонија денеска се одбележува 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски. По тој повод ќе се одржат низа настани. Така, пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на Националната универзитетска библиотека што го носи името на светителот, ќе бидат положени венци цвеќе.

Во чествувањето ќе учествуваат делегации од кабинетот на претседателката на државата, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), како и претставници на дипломатскиот кор и на политичките партии.

Во Собранието денеска традиционално ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2025 година, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованито, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Годинава, добитници на наградата се академик Витомир Митевски – за остварување во областа на воспитанието и образованието. За остарување во областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим.

И МПЦ-ОА го празнува својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска и духовна. Животот го посветил на Бог и на народот. Го основал Охридскиот универзитет, првиот словенски универзитет и прв во Европа.

Најголемиот дел од моштите на свети Климент Охридски се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон” на Плаошник во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром” кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top