Македонија

Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа

Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска, заедно со сопругата на премиерот, Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, беше во предновогодишна посета во Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник. Во празнична атмосфера, се дружеа со децата кои добија и пакетчиња, истакнувајќи ја важноста на континуираната поддршка за семејствата кои се соочуваат со овие предизвици.

-Денес имав чест и голема радост да бидам дел од една навистина посебна празнична атмосфера. Заедно со сопругата на премиерот, Мицкоска и пратеничката Пешевска го посетивме Клубот за деца со церебрална парализа во Расадник, каде што се одржа празнична забава, како дел од нашата континуирана поддршка за овие деца. Со децата китeвме елка, пеевме, се дружевме, се смеевме и уживавме во секој момент. Нивната искрена радост, топол поглед и детска чистота се најголемата потврда дека ваквите средби се потребни и значат многу. Секое дете доби новогодишно пакетче, како мал знак на внимание, но и голема љубов. Како градоначалник, длабоко верувам дека грижата за овие деца мора да биде постојана и суштинска. Нашата заедница е силна онолку колку што создава еднакви можности за сите, а особено за оние на кои поддршката им е најпотребна, истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода

Таа нагласи дека грижата за овие деца мора да биде постојана и суштинска, додавајќи дека заедницата е силна онолку колку што обезбедува еднакви можности за сите, особено за оние на кои поддршката им е најпотребна.

„Ќе продолжиме со несебична поддршка. Овие деца и нивните семејства секогаш ќе имаат партнер во нас“, порача Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top