Македонија

Македонија и Хрватска го финализираат Договорот за стратешко партнерство

Загреб ќе му биде ментор на Скопје на патот кон ЕУ – главна порака од средбата на Муцунски со колегата Грлиќ-Радман во Скопје

Пријателството меѓу Македонија и Хрватска ќе биде преточено во Договор за стратешко партнерство, чија подготовка е во  во завршна фаза, а членката на Европската унија ќе му биде политички и технички ментор на Скопје на евроинтегративниот пат.

Ова е главната порака од денешната средба на министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Гордан Грлиќ-Радман во Скопје, на која уште еднаш беа потенцирани одлични односи меѓу двете држави и двата народа, без ниту едно отворено прашање.

Поддршката од Загреб веќе се реализира преку 18 активни твининг-проекти насочени кон зајакнување на административните капацитети во Македонија. Фокусот на овие проекти е ставен на клучните поглавја од преговорите, вклучувајќи ги: правосудство и внатрешни работи финансии и контрола на јавните трошоци, земјоделство и рурален развој, како и образование и транспортна инфраструктура.

„Во делот на европските интеграции, Хрватска ја вбројувам во земјите кои се наши принципиелни поддржувачи. Има многу што поддржуваат, но помалку што принципиелно поддржуваат. На Хрватска треба да гледаме како на наш ментор во евроинтегративниот процес и од политичка, но и од техничка гледна точка, зашто и имаме многу активни проекти кои јавноста не секогаш ги гледа, а ни помагаат на европскиот пат“, рече Муцунски на заедничката прес-конференција.

Грлиќ-Радман истакна дека Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо и додаде дека отворањето на пореговорите ќе претставува важен позитивен моментум за македонските граѓани.

„Помеѓу Хрватска и Северна Македонија сè е отворено и пријателски. Нашата соработка може да биде пример и за другите земји од Западниот Балкан. Хрватска отсекогаш помагала, а доказ за тоа се и 18-те активни твининг-проекти преку кои придонесуваме кон зајакнувањето на административните капацитети во сообраќајот, финансиите, правосудството, образованието и земјоделството“, изјави тој на заедничката прес-конференција.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Се унапредуваат условите во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

To top