Македонија

Македонија ќе се соочи со пожари уште во првите денови од јули

Македонија е подготвена за претстојните пожари, но има потреба и од привремени пожарникари

Ризичниот период за пожари во земјава се очекува да започне во првите денови од јули. Надлежните уверуваат дека годинава системот за справување со огнените стихии е значително зајакнат и подобро подготвен од претходно, со зголемен број пожарникари и дополнителна механизација на терен, со цел побрза и поефикасна интервенција при евентуални пожари.

„Трите „ер трактори“ на Дирекцијата се сервисирани, двата сè уште се во Загреб поради временски непогоди односно невреме во Загреб. Пред неколку дена не можеа да се пренесат во Македонија. Денес попладне очекувам да дојдат но повторно во Загреб денес има најави за силно невреме коешто ги отежнува условите дали утре задутре во наредните денови тие ќе стигнат овде и благовремено ќе ги имаме во пресрет на сезоната на пожари“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Оваа година Дирекцијата е значително засилена со околу стотина нови пожарникари и со повеќе од 35 нови противпожарни возила. Но, и покрај засилувањето, најголем предизвик останува недостигот од способни и искусни возачи. На возачите им се нуди плата од 44000 денари месечно или 2150 евра за три месеци.

„Заради организирано учество во гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување ѝ се потребни поранешни припадници на полицијата армијата и противпожарните единици за следните работи: Под еден возачи на специјалните противпожарни возила, односно пинзгауерите коишто ги имаме 23, хермелини 5 и БТРи 15 коишто се наменети во противпожарни возила.“

Во пожарите лани биле евидентирани 178 шумски пожари, опожарени биле повеќе од 17. 000 хектари шума, а изгореле повеќе од 280.000 кубни метри дрва. Македонија во 2025 година претрпела штета од околу 50,1 милион евра од шумските пожари.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top