Македонија

Македонија на топ позиција за престој на ,,бегалци” од САД

Додека Македонците заминуваат Америкаците Македонија ја опишуваат како Балкански бисер

Македонија е на првото место на листата на земји кои ги пречекуваат ,,бегалските” Американци со брзи процедури за добивање на престој.

,,Замислете да се будите со звукот на брановите наместо со сообраќајот, да пиете еспресо под средновековна кула наместо да трчате до часовникот или да добивате здравствена заштита за 30 долари наместо втора хипотека. За илјадници Американци, тој сон станува реалност благодарение на неколку земји кои нудат моментален или речиси моментален престој. Исто така, имајте на ум дека престојот е различен од државјанството”, пишува МСН во својата анализа за земјите кои најбрзо и најлесно прифаќаат Американци кои сакаат да ги напуштат САД, за свои сограѓани.

Според анализата Американците не мора да бидат богати. Не треба да купуваат имот. И сигурно не мора да чекаат години или да прескокнуваат бесконечни пречки.

Овие места меѓу кои Македонија е на топ позицијата ги повикуваат Американците не само како посетители, туку како витални делови од нивната иднина.

Кои се 5те земји каде што Американците се навистина посакувани, каде што вратата за престој се отвора од првиот ден – шанса да се живее богато, едноставно и со цел.

Тоа покрај Македонија се Маврициус, Панама, Мексико и Црна Гора.

Македонија во анализата  се опишува како ,,Балкански бисер подготвен да ве пречека”.

,,Оваа мирна и често занемарена земја на Балканот го воведе еден од најлесните патишта во Европа до престој за странци. Ако можете да покажете стабилен приход, од социјално осигурување, пензија или дури и работа од далечина, веднаш се квалификувате за привремен престој. Нема потреба да купувате имот, да го зборувате јазикот или да бидете милионер.

Кириите во шармантните градови како Охрид можат да бидат ниски и до 250 долари месечно. Со поглед на езерото, чист планински воздух и жива култура, животот тука чини само 900 до 1.300 долари месечно ( 800 до 1100 евра).

А чувството на припадност е вистинско. Од фестивали на езерото до едноставни моменти како што е пиење силно македонско кафе, тоа е живот на тивко богатство и длабока заедница”, пишува  МСН, порталот за вести на гигантот Микрософт.

*Зборот ,,Бегалци” во текстот означува државјани на САД кои не заминуваат од таму под присила туку заради желба да живеат на други места а не се принудени на тоа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top