Македонија

Македонија не добила понуда за членство во ЕУ без право на вето

Вето и горчливо чувство на пат кон ЕУ кој е неправедно оспорен

Македонија не добила понуда од Брисел за членство во ЕУ без право на вето, стои во анализата на Франфуртер Алгемајне Цајтунг на оваа тема.

За разлика од Еди Рама и Александар Вучиќ македонскиот премиер не сака да дава хипотетички одговори на хипотетички прашања за кои нема конкретни детали и понуди.

,,Шефот на македонскиот владин кабинет Христијан Мицкоски изјави за F.A.Z.: „Официјално, македонскиот владин кабинет никогаш не добил предлог што би значел членство без право на вето“. Затоа не сакаше да дава проценки што би можеле да се сметаат за прерани”, пишува Франфуртер Алгемајне Цајтунг.

,,Сепак, она што беше сигурно е „дека македонскиот државен систем предолго стои пред портите на ЕУ – со многу исполнети критериуми, но со горчливо чувство на пат кон ЕУ кој е неправедно оспорен“, изјавил Мицкоски за весникот.

Повеќе на темата

Новата идеја во Брисел за Македонија и Западен Балкан може да биде историска но може и да пропадне

Членството во ЕУ без право на вето „се движи во вистинската насока“ но може и да пропадне

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top