Македонија

Македонија пат: Забрана за тешки товарни возила на повеќе планински превои

Забрана на Стража, Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопшти АМСМ

Поради врнежи од снег издадена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе планински превои низ земјата, како Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга до граничниот премин „Ќафасан“, информораат од ЈП „Македонија пат“ и од Автомото сојузот (АМСМ).

Според „Македонија пат“, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градски средини е умеререн.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според надлежните, на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.

Од „Македонија пат“ и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правни низ државата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top