Македонија

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад од септември со нов циклус обуки за управување и постапување со отпад

Особено внимание во рамки на обуките ќе биде посветено на детална разработка на законските прописи и нивната примена во практиката, како и на добрите меѓународни практики за одржливо управување со отпад

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма.

Програмата е креирана со цел учесниците да се стекнат и унапредат своите професионални знаења и практични вештини за управување со различни видови отпад, истовремено стекнувајќи подлабоко разбирање на законските обврски, современите практики во оваа област, заштитата на животната средина и релевантните социјални аспекти. Особено внимание во рамки на обуките ќе биде посветено на детална разработка на законските прописи и нивната примена во практиката, како и на добрите меѓународни практики за одржливо управување со отпад. Преку комбинација на теоретска и практична работа, учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења, да разменат искуства и мислења со колеги и професионалци од областа и подобро да се подготват за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа.

Во претходните циклуси на обуките учествуваа претставници на локалните и државните институции, големи компании и мали и средни претпријатија, компании кои вршат дејности поврзани со управување со отпад, како и други професионалци од областа.

Обуките се особено значајни и за кандидатите кои се подготвуваат за полагање на стручниот испит за Управител со отпад, бидејќи програмата овозможува систематизирање на потребните знаења и подобро запознавање со одговорностите и обврските што произлегуваат од оваа професионална функција.

Поради комплексноста и разновидноста на темите, MaSWA обезбедува тим од реномирани експерти од областа на одржливото управување со отпад, заштитата на животната средина и климатските промени. Станува збор за стручни лица со практично искуство и работа на национално и меѓународно ниво, кои во текот на обуките применуваат интерактивен пристап и различни техники и алатки за активно вклучување на учесниците.

Покрај стекнувањето нови знаења и професионални компетенции, програмата создава можност и за вмрежување со професионалци од секторот, размена на искуства и дискусија за актуелните предизвици и решенија во управувањето со отпадот и заштитата на животната средина. Повеќе информации за програмата, значењето и одговорностите на Управителот со отпад, како и за процесот на регистрација, се достапни на веб-страницата на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – www.maswa.org.mk.

Најнови вести од: Македонија

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

Ќе го уриваат ВМРО-ДПМНЕ од власт, ама прво да го решат Филипче

Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ во наредните денови ќе разговараат со претседателот Венко Филипче, од кого очекуваат да си замине од функцијата

To top